-0.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Регионалните медиуми со емотивни зборови се простија од Драган Вучиќ

Денеска јавноста буквално се шокираше од веста за смртта на познатиот македонски водител, пејач, музичар и композитор Драган Вучиќ на 65 годишна возраст.

Според официјалните информации тој починал поради компликации од коронавирусот на Инфективната клиника во Скопје.

По влошување на здравствената состојба, Вучиќ бил ставен на респираторна машина, но за жал, не ја добил битката со вирусот.

Откако речици сите македонски медиуми ја пренесоа потресната вест дури и регионот ја пренесе веста.

Имено Вучиќ беше познат и во соседна Србија каде често беше дел од различни шоуа и емисии, а тој ја познаваше речиси целата регионална естрада.

Дел од насловите се дека „Почина македонскиот тв водител и музичар Драган Вучиќ од коронавирус“, „Почина познатиот водител Драган Вучиќ: Подлегна на короната по осум дена борба“, „Почина Драган Вучиќ : Соседите се опростуваат од легендата“.