
Преодна дестабилизација на времето се очекува денеска. Синоптичарите најавуваат облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната од 14 до 25 степени.
Во Скопје слично време со засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната до 23 степени.
Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст.