
Министерот за здравство Венко Филипче, кому првиот човек на главната институција на секторот Фондот за здравство ден претходно сосема неочекувано му поднесе оставка, во средата на својот фејсбук профил објави промотивно видео со поддршка на здравствените работници во справувањето со коронавирусот, иако сѐ почести и пожестоки се нивните критики за недоволните залагања за нивна заштита.
„ Аплауз за здравствените работници! Посветено се грижат за своите пациенти. Во првите редови против КОВИД-19.
#HandHygiene #InfectionPrevention
[Кампања на Светската здравствена организација за 5 мај – Светскиот ден за хигиена на раце, WHO North Macedonia]“, објави Филиче под спотот.
Во екот на самата епидемија со коронавирусот, додека лекарите треба да бидат на своите работни места и да ја пружат потребната помош на оние пациенти коишто се заразиле со вирусот, министерот Филипче нив ги користи како статисти. Од видеото со насловен „Аплауз за здравствените работници!“, можи да се заклучи дека станува збор за гол популизам во време на епидемија кога се губат и човечки животи, а за добивање на ситни политички поени.
Но притоа Филипче заборава дека од почетокот на епидемијата во земјата заболени од болеста беа 235 здравствени работници, што е малку под 20 отсто вкупно инфициораните со коронавурусот во земјата. Таквите бројки се должат, според тврдењата на медицинскиот персонал, се должат на недостигот од заштитна опрема,. Така, дури 70 лекари и друг здравствен кадар беа заразени во Општата болница во Куманово, еден од најпогодените градови. Поради таквата (не)грижа на министерството, само делумно во функција изминатиот период беа одделенијата на Детската клиника, Институтот за рехабилитација и болницата во Куманово.