
Националната координаторка на Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска денеска ја прими донацијата од ГИЗ (германско друштво за интернационална соработка) која беше обезбедена од проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Западен Балкан“, кој е координиран од МАРРИ Регионалниот центар, како одговор на ситуацијата со ковид-19, информира МВР.
– Донацијата содржи маски КН95, хируршки маски, латекс ракавици, бесконтактни термометри, антисептички распрскувачи и средства за дезинфекција, заштитни очила, и истата ќе биде наменета за членовите на Нацоналната комисија, Националната единица за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација и Прифатно-транзитен центар Винојуг -соопшти МВР.