
Исламската верска заедница донесе одлука верските објекти, џамиите, за верниците да ги отвори на 12 мај. Одлуката е донесена на вчерашниот вонреден состанок на Ријасетот.
Џамиите беа затворени за верниците по воведувањето на мерките за превенција од ширење на вирусот Ковид-19 од страна на Владата.