
Oбвинителството во Струга отвори предмет и преку надзорни камери ќе ги идентификува лицата и ќе утврдува дали самоиницијативно присуствувале на настанот.
„Побарано е да се идентификуваат и повикаат организаторите на Литијата за да се утврди дали настанот бил уредно пријавен, кој требало да учествува, каква дозвола добиле и дали е постапувано согласно истата, како и дали презеле дејствија како организатори да нема присуство на граѓани или, пак, со редарска служба да го обезбедат евентуалното присуство на граѓани“, ОЈО.