
Владата на денешната седница донесе одлука годинава да не се реализира проектот за користење бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик и корисници на посебен додаток.
-На денешната седница Владата ја прифати информацијата на Министерството за труд и социјална политика со предлог реализацијата и спроведувањето на Проектот за користење бесплатна услуга одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток да се одложи, односно проектот да не се реализира за лето 2020 година, се наведува во соопштението на Владата.