
Министерството за надворешни работи на Србија во саботата му врачи протесна нота на амбасадорот на Македонија во Србија, по повод печатење и објавување на поштенска марка со географска карта на фашистичката независна држава Хрватска, чие споменување поттикнува сеќавања на граѓаните на Србија и на српскиот народ од најтемниот период во поновата историја.
Министерството за надворешни работи побара спорната поштенска марка веднаш да се повлече од тиражот и неговото печатење и објавување да биде осудено од Владата на Република Македонија.
-Министерството за надворешни работи на Република Србија го смета објавувањето на оваа поштенска марка и тоа на Денот на победата над фашизмот, како непријателска провокација насочена против територијалниот интегритет и суверенитет на Република Србија, како и навреда за целиот српски народ кој страдаше во концентрационите логори во текот на Втората светска војна, се вели во протестната нота.