
Спортската новинарка на ДАЗН и на Скај Спорт, Дилета Леота повторно беше жртва на хакерски напад.
Како што е познато пред неколку години хакери од нејзиниот телефон успеаа да украдат фотографии со експлицитна содржина, но се чини Дилета не научила доволно од сопствените грешки.
„Она што се случи е исклучително сериозно. Мобилниот телефон на Дилета повторно беше хакиран и се објавени некои приватни фотографии од пред неколку години, па дури и некои фотомонтажи. Моментално ги споделуваат голем број на луѓе“ објавија од „Скај Спорт“.
Достапни се осум нови фотографии, а се наведува дека на одредени станици достапна е снимка од Дилета и од нејзиниот партнер.