СДСМ: Кичеец е извршител и соработник на Мицкоски

Вистината излезе на виделина. Мицкоски е фатен жив во неговите лаги, Кичеец бил извршител на Мицкоски, се среќавале често и тој одбработувал за ВМРО-ДПМНЕ, се вели во денешното соопштение на владејачката СДСМ

„Мицкоски и Кичеец активно и директно комуницирале, очи в очи, но и преку телефон, не преку „Петко и Станко“ како што вели самиот Мицкоски… Кичеец бил ангажиран лично од Мицкоски. Во изборни цели за претседателските и локалните избори во Охрид во 2019 година… Потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за случајот познат како „Рекет“… Оваа снимка фрла вистинско светлина на случајот „Рекет“ кој очигледно води директно до Белиот дворец до ВМРО-ДПМНЕ и до Христијан Мицкоски“, се наведува во објвата на владејачката партија.