
Како што претходно објави НетПрес, во саботата околу 14,54 часот во близината на Скопје, на посетуваната турситичка дестинација Kањон Матка, се случи инцидент меѓу две групи во кој беше употребено и игнено оружје.
Неофицијално дознаваме дека стнува збор за извесен Мерван Сулејмани кој со уште неколку лица физички ги нападнале Амет Саит и Амет Садик, при што употребиле и огнено оружје.
Сите учесници во инцидентот се возачи на чамци за туристи. Според првичните сознанија, расправијата настанала во врска движењето на чамците во правец према локацијата Пештерата.
Од фејсбук профил на осомничениот Сулејмани, на кој се постирани мноштво фотографии од настани со поранешниот премиер, Зоран Заев, и скопскиот градоначалник Петре Шилегов, како и со шефот на дражавата Стево Пендаровски, може да се претпостави дека станува збор за приверзаник на владејачката партија.