Во текот на полициски час скопјанец фатен со наркотици

Полицијата во текот на изминатото деноноќие привела две лица кои со себе имале наркотици, едното непосредно пред почетокот на полицискиот час, а второто во текот на треањето на оваа мерка против сузбивањето на епидемијата на коронавирусот.

Како што соопшти МВР, вчера во 18.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Ѓорѓи Капчев“ го лишиле од слобода 41-годишниот Н.С. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени прашкаста материја и црна течност.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 00.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на булеварот „Киро Глигоров“ за време на забраната за движење привеле 31-годишниот Ж.Љ. исто така од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, велат од полицијата.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.