Албанија ќе го продолжи фудбалското пренство, но без тестови на коронвирусот

Фудбалските лиги и федерации во моментов прават планови и ја следат епидемиолошката слика во своите земји за тоа дали има услови да се продолжи со фудбал и кога евентуално би продолжиле, во соседна Албанија веќе одлука има да се игра фудбал, ама јавноста и фудбалерите се гневни, бидејќи било решено дека немало потреба да се прават тестови на коронавирус.

Иако новиот вирус носи сериозен ризик, а во најголем дел од земјите веќе се разработуваат протоколи и мерки како да се заштитат фудбалерите од сериозниот ризик, Федерацијата веќе направила план во кој проценките им биле дека тестови не се потребни. Сега јавноста, ама и фудбалерите се плашат дека вака сериозниот ризик може да биде катастрофален.

Но, тоа што е најтрагично, албанските меидуми го посочуваат фактот дека двете најодговорни организации, УЕФА и ФИФА молчат, а засега не излегле со точни препораки што секоја федерација и лига мора да направи околу безбедноста да се игра. Тие одлуките на националните сојузи им ги препуштија да ги донесат до 25-ти мај.

Ермал Кука, албански новинар, го откри планот што го подготвила федерацијата во кој тестови не биле потребни, а две седмици биле доволни за фудбалерите преку тренинзи да се вратат во форма. Да е најголема трагедијата, потенцира Кука е фактот што тестирањето на Ковид-19 се избегнува зашто тестовите биле скапи, а никој не сакал да ја преземе финансиаката одговорност за да ги набави.

За разлика од Албанија, во секоја посериозна земја, веќе е направен план и начин како ќе се тестираат фудбалерите и колку време ќе мора да тренираат (најмалку четири седмици) пред да почнат да играат фудбал.

Албанија е втора земја каде фудбалерите барем според овој план нема да се тестираат. Во петокот здравствените власти во Црна Гора одлучија да не ги тестираат спортистите.