Франција може да постави нови услови за кандидатите за членки на ЕУ

Само што се стекна впечаток дека францускиот претседател Емануел Макрон попушти во однос на проширувањето на Европската унија, порталот „Еурактив“ пишува за ново барање од Франција за претендентите за идни членки, меѓу кои е и Македонија.

„Ние може да се соочиме дури и со нови референдуми – Франција бара идните членки на ЕУ да бидат одобрени со народно гласање, освен ако францускиот парламент не ги ратификува спогодбите за пристапување со мнозинство од 3/5“, пишува „Еурактив“.