
Две лица се повредени и се пренесени во струмичката болница во сообраќајката која се случи на патот на влезот во Струмица од Радовиш.
Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска, а увидот на местото се уште трае.
Повеќе детали за сообраќајката од полицијата најавуваат за подоцна.