Митовски: Јас сум единствениот осуден новинар во Европа затоа што објавив индиции дека Заев е вмешан во рекет

Во вечерашната емисија на ТВ Алфа „Заспиј ако можеш“ гостуваше уредникот на порталот Infomax Алексадар Митовски кој на порталот објави снимки во кој се слуша гласот на претседателот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев во кои се слуша како премиерот Заев го „пцуе“ македонскиот народ или барем оној кој нема да гласа за него.

Митовски кажа дека е едниствен осуден новинар во Европа за објавени докази за постоење на индиции за вмешаност во криминални активности на висок државен функционер односно во конкретниот случај за премиерот Зоран Заев.

Дополнително Митовски истакна дека во Македонија моментално нема судство и обинителство и дека не постои зашита на демократијата.

– Во Македонија не постои судство, не постои обвнителство , не постои заштита на демократија не постои промоција на слободи и права или на слободен збор и сободна мисла кажа Митовски.