Mузичар прободен со нож во рамо, за време на „он-лајн“ концерт

Младиот музичар Пеце Петровски од Битола вчера пријавил во полиција дека на улица „Свети Наум“ поради недоразбирања околу гласна музика, бил повреден со остар предмет во пределот на левото рамо од страна на едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,  информира битолската полиција, јавува Битолањус. 

По инцидентот музичарот се огласил на Фејсбук.

„Ви Благодарам на сите што синоќа го пратевте нашиот “Fb Live“ концерт посветен на малиот Лука. Се одјавивме порано и без најава, бидејќи бев нападнат од сосед од соседна зграда со нож и имам повредa на раката. Му благодарам на Бог што поминав со толку. Ние тука не застануваме и продолжуваме и понатаму за малиот Лука“, вели Петровски.