
Во вечерашното издание на емисијата „Заспиј ако можеш” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на Изборната единица 2 на предвремените парламентарни избори Владо Мисајловски, кој се осврна на моменталната ситуација во која што се наоѓа Република Македонија во однос на здравствената и економската криза.
Мисајловски после лидерската средба која денеска се случи кај претседателот Пендаровски посочи дека Република Македонија се наоѓа во една незавидна ситуација поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот и дека во моментов е најважно здравјето на граѓаните, здравствените лица и на сите оние кои што се во првите редови во борбата со Ковид-19.
Тој исто така додаде дека во наредниот период политичките елити мора трезвено да размислуваат и да донесуваат одлуки кои нема да бидат на штета на граѓаните.
“Најголем дел од лидерите разумно пристапија на денешната лидерска средба и не сакаа по секоја цена да се одржат избори доколку тоа лошо се одрази на граѓаните. Не е човечки животите на граѓаните да се стават во втор план. Ние како ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да поддржиме и децидно стоиме зад ставот кој денеска го искажа и претседателот Мицкоски”, вели Мисајловски.
ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија која постои за граѓаните и работи за граѓаните. Ако на Зоран Заев не му е важно здравјето на граѓаните и ако изборите се поважни од граѓаните во моментов, нека му служи на чест. ВМРО-ДПМНЕ со тоа нема да се согласи и ќе биде за организирање на изборите тогаш кога ќе има идеални услови за нивно одржување, без при тоа граѓаните да бидат оштетени на било каков начи, вели Мисајловски.