Фаучи го предупреди Конгресот на САД дека за вакцина за коронавирусот е потребно време

Ентони Фаучи, водечкиот американски стручњак за заразни болести, во вторникот го предупреди Конгресот дека за развојот и пуштањето на пазарот на вакцината против новиот коронавирус „ќе биде потребно уште извесно време“ без оглед на помошта на сојузната влада во нејзиното производство.

Пред сенатскиот комитет за здравство Фаучи рече дека, имајќи го предвид овој факт, напорите на нацијата во борбата против коронавирус и респораторната болест Covid-19 која ја предизвикува, би требало да бидат „сосредоточени на докажаните практики во јавното здравство на ограничувања и ублажување“ на ширењето на заразата.

Фаучи, исто така, предупреди дека пребрзото отворање на попуштањето на ограничувањата на стопанските активности би можело да доведе до нов бран од епидемијата, и ги повика сојузните држави да ги следат стручните препораки и да го чекаат падот на бројот на новозарезените случаи.

„Доколку ги прескокнеме контролните точки, ризикуваме повеќекратни повторни избувнувања на заразата низ целата земја. Тоа нема да резултира само со беспотребно патење и смртни случаи, туку всушност ќе нѐ врати назад на патот на враќање на нормалната состојба“, порача Фаучи.

Ентони Фаучи е долгогодишен директор на Националниот институт за алергии и заразни болести (NIAID), и овој 79-годишник стана своевидно заштитно лице на борбата против коронавирусот во САД.

Фаучи во вторникот сведочеше пред сенатскиот комитет за здравство, образование, труд и пензиски систем, кој го водат републиканците, а претходно Белата куќа го блокираше неговото сведочење пред комитетот на Претставничкиот дом, кој е под контрола на демократите, оценувајќи дека тоа би било „контрапродуктивно“.

Фаучи сведочеше со видео врска од соба во која можеше да се забележи мноштво книги, додека е во самоизолација поради тоа што можеби бил во контакт со еден од двајцата припадници на персоналот на Белата куќа, кои се позитивни на коронавирусот.

„Сите враќања назад во училиштата и на работните места водат преку тестирање, а она што нашата земја досега го стори по прашањато на тестирањето е впечатливо но ниту одблизу не е доволно“, рече Ламар Александер, републиканскиот претседател со сенатскиот комитет отворајќи го сослушувањето на Фаучи.

И Александер, како и Фаучи, е во самоизолација бидејќи еден од неговите помошници бил позитивен на тестот за коронавирус, па со сослушувањето претседаваше преку видео-врска.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шамер, за телевизиската мрежа MSNBC изјави дека „др Фаучи првпат ќе има можност да сведочи а зад грбот да не му стои Доналд Трамп. Кажи ни ја вистината. Тоа е твоја обврска како функционер на админситрацијата и Американските“, тенденциозно инсистираше Шамер од Фаучи.

Досега од избувнувањето на епидемијата на коронавирусот во САД починале над 80.000 луѓе, најмногу во светот. Некои здравствени експерти сметаат дека спроведените тестирања во поглемиот дел од САД не се доволни за сигурно укинување и ублажување на мерките воведени за запирање на ширењето на заразата.