
Адвокатот Еленко Миланов по денешното рочиште за настаните на 27-ми април изјави дека треба да се направи разлика меѓу поддржување протести и организирање протести. Миланов ова го кажа по изјавите пред два дена на обвинителката Вилма Рускоска дека ВМРО-ДПМНЕ ги организирало протестите, иако сведоците потенцираат дека партијата јавно ги поддржувала, но не ги организирала.
„Обвинителот кој е присутен во судницата и кој ги поддржа протестите на Шарената револуција дали тоа мора да значи дека таа го поддржа и влезот во канцеларијата на претседателот? Тоа не мора да значи, таа може да биде и секој може да биде како поддржувач, но овде се суди за организација“, изјави Миланов.
Со ова Миланов уште еднаш ги нападна небулозите во обвинението пишувано од Вилма Рускоска, која иако има за цел да тврди дека ВМРО-ДПМНЕ организирало протести со цел насилен упад во Собранието, нема поддршка во докажувањето на овие тврдења дури и од сведоците кои самата ги предлага.
Па така, денешниот сведок Антонио Кочков неколку пати соопштил дека партијата ги поддржувала протестите, но не и дека ги организирала. Рускоска очигледно незадоволна од ваквиот развој на настаните луто го напушти судот и избегна да даде изјава за новинарите.