
Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 10.028 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени достигна 242.227.
Руските здравствени власти соопштија дека од вкупниот број нови пациенти, 4.461, или 44,5 проценти, немаат никакви симптоми.
Русија од вчера е на второ место во светот по бројот на заразени со коронавирусот, после САД.