
Американскиот сенатор Ричард Бур одлучи да отстапи од функцијата претседател на комитетот за разузнавање на Сенатот во заднина на истрагата која се води бидејќи ги продал своите акции пред остриот пад на берзата во пандемијата на коронавирусот.
Водачот на републиканското мнозинство во американскиот сенат, Мич Мекконел, изјави дека Бар во четвртокот го известил за одлуката да се повлече во текот на истрагата.
„Се согласивме дека оваа одлука е во најдобриот интерес на Разузнавачкиот комитет и утре ќе стапи на сила“, изјави Мекконел.
Бур и други сенатори ги продале своите акции по приватните состаноци за ризиците коишто ги носи кризата на коронавирусот, но Бур тврди дека не сторил ништо спорно.
Републиканскиот сенатор од сојузната држава Северна Каролина го предал својот мобилен телефон на агентите на Федералното биро за истраги (FBI), откако му предале налог за претрес на неговиот дом во Вашингтон, објави весникот The Los Angeles Times, повикувајќи се на неименуван извор во правосудството.
Според написите во американските медиуми, Бур и неговата сопруга уште во февраури продале акции во износ од 1,7 милиони долари, непосредно пред падот на берзите поради стравувањата дека пандемијата на коронавирусот ќе предизвика голема економска криза.
Републиканските сенатори Кели Лофлер од Џорџија и Џејмс Инхоф од Оклахома, како и демократската сенаторка Дајан Фејнтшајн, исто така, ги продале своите акции пред падот, но засега не е потврдено дека тие се под истрага. Фејнштајн за медиумите изјави дека одговарала на прашања од FBI во врска со деловните активности на нејзиниот сопруг.
Незаконски е членови на американскиот Конгрес да тргуваат врз основа на нејавни информации до кои се доаѓа во текот на извршување на службената должност.
Министерството за правда ја започнало истрагата за 64-годишниот Буир во март.
Според некои истражувања на медиуми, сенаторот продал повеќе од 30 акции во периодот меѓу крајот на јануари и средината на февраури. Некои од акциите биле во секторите кои силно настрадаа како последица од пандемијата, како што се хотелскиот, усгостителскиот и транспорниот сектор.
Како претседател на Разузнавачкиот комитет на Сенатот, Бур речиси секојдневно добива дневни брифинзи за заканите по националната безбедност на САД. Тој ги оправдува трансакцаиите тврдејќи дека „се потпирал исклучиво на извештаите јавно достапни во медиумите“ за да ја донесе одлуката за продажба на акциите.