
Донација од 6.000 литри еколошко средство за дезинфекција на улици и јавни површини денеска прими директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски од фирмата Ozonway од Р. Србија преку сестринска фирма Ozonway во Р. С. Македонија.
Од ДЗС информираат дека Џаферовски се заблагодарил во име на Владата и од Дирекцијата за заштита и спасување за донацијата, која помош, според него, доаѓа во клучни моменти за спречување на внесување и ширење на коронавирусот.
Средствата ќе бидат распределени на општинските штабови кои ќе ги користат за дезинфекција на улиците и јавните површини