
Лицето кое се водеше како исчезнато од 13.05.2020 г., е пронајдено од страна на Тимот за спасување од планина на Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со припадниците на МВР-СВР Битола.
Дирекцијата за заштита и спасување известува дека лицето е пронајдено паднато во провалија на местото Тумбе кафе.
Лицето е пронајдено со видни повреди по целото тело и покажува знаци на живот и со возило на Итната медицинска помош е пренесено во битолската болница.