
Пожарникари од Територијалната против пожарна единица од Струмица денеска го извлекоа пешачкиот мост, кој десет години беше во бездна до трим патеката која води до манастирот „Свети Илија“.
-Мостот беше урнат пред десет години од големата поплава која го зафати градот во септември 2010 година. Со специјален алат успеавме да го извлечеме и повторно да го поставиме на патеката, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Додаде дека мостот нема многу оштетувања и може да се користи, но во наредните денови заедно со ЈПКД „Комуналец“ ќе преземат мерки за да биде сигурно преминувањето преку него.