Трамп развојот на вакцината за Covid-19 го спореди со „Проектот Менхетен“

Американскиот претседател Доналд Трамп со доза на возбуда поради можноста за развој на вкацијата за коронавирусот до крајот на годината, во петокот во Белата куќа го опишувал комплексниот проект како најголем научен потфат од развојот на атомската бомба и порачал дека неговата администрација ја разгледува можноста вакцината да биде во иднина бесплатна.

„Никој од времето на Проектот Менхетен не видел ништо слично на она што сега го правиме во нашата земја. Неверојатно“, изјавил Трамп на тревникот на Белата куќа опкружен од научници и владини фунцкионери кои се вклучени во проектот кој тој го нарекува „Оperation Warp Speed“.

„Проектот Мехнетен“ е програма за развој на атомската енергија која во 1939 година по наговор на американските научници ја одобрил тогашниот претседател Франклин Рузвелт. Проектот започнал со 6.000 долари и до 1945-та кога е направена атомскаа бомба чинел околу две милијарди долари, или 22 милијарди долари во денешен еквивалент, и биле вкупно вклучени 125.000 лица.

Американскиот претседател истакнал дека новиот шеф на проекот, Монсеф Слауи, поранешниот изврешен директор на фармацеврскиот гигант „GlaxoSmithKline“, рекол дека ги видел првите резултати од развојот на вакцината што „ме направи уште поубеден дека ќе можеме да доставиме неколку стотици милиони дози од вакцијата до крајот на 2020 година“.

Целта на Трамп со овој проект е да се овозможат 300 милиони дози во резерва до јануари, што според процените на некои експерти претставува големо очекување бидејќи ниедна вакцина никогаше не била создадена за толку кус период почнувајќи од нула.

Трамп ветил дека ќе го употреби „секој авион, камион и војник“ за дистрибуција на вакцината против Covid-19 за којашто се надева дека ќе биде добиена до крајот годината, порано отколку што неговите главни научни советници претходно сугерираат, и додека во светот експертите се подготвуваат за мастер експериментот за да можат да брзо да кажат дали таквите намери се навистина можни.

„Ние, всушност, ги разгледуваме тоа“, рекол Трамп одговарајќи на новинарско прашање дали вакцината треба да биде бесплатна. Тестирањето на коронавирусот во моментов во САД е бесплатно,

Додал дека САД не работат само на развојот на вакцината, туку со сојузниците, па дури и со конкурентските држави.

„Работиме со многу различни држави… Немаме его“, рекол Трамп повторно истакнувајќи дека кога вакцината ќе биде прогласена за ефикасна и безбедна веднаш ќе биде достапна за масовна употреба.

Сепак, рекол Трамп, земјата во секој случај продолжува со завршувањето на економскиот карантин.

„Со вакцина или без вакцина, почнуваме. Ако нема вакцина, земјата треба да се бори и вирусот на крајот ќе исчезне“, рекол Трамп.