
Вонредна состојба за нови 30 дена за успешно справување со епидемијата од коронавирусот му препорачува техничката влада на шефот на државата Пендаровски кој денеска ќе претседавата со седница на националниот Совет за безбедност.
Одлуката е донесена на денешната 53 седница на владиниот кабинет и како заклучок ќе биде проследена заедно со извештајот за досега преземените активности од државните институции.
На седницата, се вели во соопштението на владината прес-служба, е дополнет и усвоен Протоколот со препораки и упатства за излез и влез во Северна Македонија за избрани функционери вработени во Влада, во министерствата и за македонските државјани. Заклучок е дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука ќе треба одобрување од Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со ковид-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја.