
Бројот на случаи на зараза со новиот коронавирус службено потвердени во целиот свет до петокот вечерта по македонско време надминал 4,5 милиони луѓе од кои речиси третината се во САД, покажуваат податоците кои ги пресметува американскиот унивеерзитет „Џонс Хопкинс“.
Според овој извор, во моментов во светот се регистрирани 4.516.360 зарази со коронавирусот. Истовремено регистриран е 306.051 смртен исход од респираторната болест Covid-19, која ја предизвикува новиот вирус.
Најголем број случаи на инфекција се регистрирани во САД – 1.432.045, а следат Русија со 262.843, Велика Британија со 238.003 и Шпанија со 230.183, Италија со 223.885 и Бразил со 208.031 потврден случај.
САД се водечки во светот и според бројот на починатите, со речиси 86.900 лица, пред Велика Британија со 34.077, Италија со 31.610 и Франција со околу 27.500 жртви на коронавирусот.