
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изрази загриженост за настаните во Црна Гора и оцени дека тензиите речиси довеле до почеток на братоубиствена војна меѓу Србите и Црногорците.
Дачиќ изјави дека досега ниту во една земја не е забележано да се апси епископ на Српската православна црква.
– За првпат речиси доаѓаме во ситуација кога почнува братоубиствена војна меѓу Србите и Црногорците, без разлика кој како ќе ја нарече. Замислете сега ние да апсиме муфтии или епископи – рече Дачиќ за ТВ Прва, коментирајќи ги случувањата во Црна Гора по апсењето на српскиот епископ Јоаникиј и уште осум свештеници, кои синоќа беа ослободени од притвор.