
Актуелниот европски првак Ливепрул во претстојниот летен преоден период сака во своите редови да го доведе 17-годишниот бразилски фудбалер Талес Мањо, кој е стандарден првотимец на вразилскиот прволигаш Васко да Гама, пишуваат во саботата британските медиуми.
Талес Маљо е најдобриот играч на бразилската кадетска селекција, па оттаму нема да има проблеми да добие работна дозвола во Англија. Во Бразил го споредуваат со славниот сонародник Нејмар, а Ливерпул се надева дека ќе го искористи и фактот што Васко да Гама е во финансиски проблеми, поради долгови наталожени изминатите години.
За Мањо заинтересирана беше и португалска Бенфика, која на бразилскиот клуб му понуди 2,8 милиони евра отштета, но понудата беше одбиена.