
Припадници на скопската полиција во саботата вршат претрес на стан во скопската општина Аеродром, поради сомневања за организирано произведување повеќе фалсификувани документи и исправи, дознава НетПрес.
Според неофицијалните сознанија, станува збор за претрес по претходна судска наредба, на стан на улицата „Владимир Комаров“, во кој престојува 22-годишен битолчанец, а цел на полициските активности е пронаоѓање предмети за изработување на дозволи за движење во полициски час, фалсификувани документи за кредити и други предмети.
Според досегашните сознанија, осомничениот признал дека досега имал изработено и најмалку пет лажни дозволи за движење во полициски час со печат на неколку фирми, а осомничениот и е вработен во едната од нив.