16-годишник од Неготино тешко повреден, паднал од мопед

На 16.05.2020 во 13.00 часот на ул.„Димче Мирчев“ во Неготино, 16-годишник од Неготино, управувајќи мопед, со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По незгодата, малолетникот бил пренесен во Здравствен дом Кавадарци за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од Полициската станица Неготино.