Дневно умирале и по 900 лица, затворена привремената мртовечница во Барселона

Погребалното претпријатие „Мемора“ во Барселона ја затвори денеска привремената мртовечница која ја постави во својата гаража поради зголемениот број на смртни случаи во текот на епидемијата од коронавирус.

Оваа привремена мртовечница за 53 дена прими тела од над 3.200 починати.

Региони најтешко погодени од коронавирусот се Мадрид и регионот на Каталонија со главниот град Барселона.

Само во Каталонија од коронавирусот починаа речиси 6.000 лица, а заразени се над 54.000.