
Двајца браќа синоќа нападнале полицајци, откако претходно го прекршиле полицискиот час, по што еден од браќата е приведен.
„На 16.05.2020 во 22.30 часот на ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници го забележале Ф.А.(20) од Скопје за време на ограничено движење и му укажале дека ќе биде приведен, затоа што не ја почитувал мерката за ограничено движење.
Во тој момент дошол неговиот брат Б.А.(29) и физички ги нападнал полициските службеници“, соопштува полицијата.
Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, додека Ф.А. ја искористил ситуацијата и побегнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.