
Албанскиот претседател Илир Мета денеска ја осуди акцијата за уривање на објектот на албанскиот национален театар во Тирана и рече дека „мафијата која ја раководи земјата делува ноќе“.
Власта предвидена од страна на премиерот Еди Рама не само што урива еден значаен културно историски трационален споменик со значење и за Европа, туку таа урива илузиите за еден правен систем во Албанија.
-Насилството што е употребено врз уметниците и новинарите преставува голема црна дамка на Мафијата во нашава земја – рече Мета во својата остра реакција за синоќешното уривање на објектот и реакциите на полицијата.
-Оваа е злодело против законите и уставот на земјата и тоа не може да се прости – додаде албанскиот претседател.
Во меѓувреме денеска претпладне голем број на приврзаници на опозицијата и подржувачи на заштитата на театарот протестираат пред министерството за внатрешни работи и пред објектот на градот Тирана. Организаторите исто така упатија апел до амбасадата на САД да реагира во врска со како што се наведува „насилството врз грлумците, политичарите и новинарите и за незаконското уривање на театарот“.