(ВИДЕО) Како од мајка родена: Познатата пејачка целосно гола во новиот спот

35-годишната пејачка Кејти Пери успеа да привлече внимание со спотот за новата песна “Daisies” која неодамна беше објавена на Јутјуб.

Бремената Кејти целосно се соблекла покрај водопадот и го покажала задникот, додека со рацете ги прекрила градите. Пери со новата песна го најавила и албумот кој би требало да биде објавен ова лето.

“Ја напишав оваа песна пред неколку месеци како повик до самата себе да останам верна на целта која си ја поставив без обѕир што мислат другите. Неодамна тоа за мене доби ново значење во светло на она што целиот свет го проживува. Секој од нас е еден во повеќе од 7 милијарди со своја сопствена приказна за силата и отпорноста”, напишала пејачката на Инстаграм.

Нејзината нова песна ги воодушеви следбениците:

“Ова е толку неверојатно”, “Песна на ова лето”, “Не го очекував ова, ти благодарам”, коментирале нејзините обожаватели.

Инаку, Кејти го очекува своето прво дете со актерот Орландо Блум. Пејачката открила дека ќе добијат девојче, а поради пандемијата на коронавирусот парот морал да ја откаже венчавката.

Блум веќе го има синот Флин со поранешната сопруга, манекенката Миранда Кер.