
„Имено, 4 дена молчат за скандалот каде што Венко Филипче, Зоран Заев и Оливер Спасовски имаат одговорност за доделување на 2 лиценци на фирми поврзани меѓу себе преку менаџментот и со сопственикот и блиски воедно до семејството Заеви. Да потсетиме уште еднаш, во фирмата Еко Енерџи-Космос управител е синот на градоначалникот од Ново Село, близок до Заеви, кој шверцуваше цигари и беше фатен и спасен воедно од фамилијата Заеви, а еден од сопствениците на оваа фирма е Христијан Котев, инаку син на претседателот на СДСМ Ново Село Тони Котев.“
Арсовски потенцира во другата фирма која што ја доби лиценца исто така за одгледување на марихуана од страна на владата предводена од СДСМ и од Заеви пред 5 дена Лајтинг Лукс, сопственик и управител е Славица Котева, инаку братучедка на Претседателот на СДСМ Ново Село и тетка на сопственикот на другата фирма која што доби лиценца, Христијан Котев.
-Дали СДСМ, Зоран Заев, Венко Филипче и Оливер Спасовски имаат намера да излезат во јавност, да се охрабрат и да им соопштат на граѓаните зошто доделуваат лиценци на блиски луѓе до СДСМ во време на вонредна состојба кога граѓаните секојдневно се борат со здравствена и економска криза предизвикана од вирусот Ковид 19? Јавно прашуваме дали јавното обвинителство и Комисијата за спречување корупција имаат намера да отворат случај за овие две доделени лиценци од страна на владата во време на вонредна состојба, прашува Арсовски и подвлекува:
„СДСМ води штетна политика и за граѓаните и за државата. Корумпираноста на функционери од типот на Зоран Заев, Венко Филипче и Оливер Спасовски не може да се сокрие никако. Одговорност за целиот криминал, корупција и штетна политика мора да има и верувајте дека ќе има веднаш откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт.“