
Во населба Бабуна во Велес вчера попладне патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано 26-годишниот В.З. од Велес удрилo во седумгодишнo девојче од Велес.
-По незгодата, девојчето било пренесено во Општата болница во Велес каде од доктор биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.