
Бројот на починати од коронавирус во Италија денес порасна за 99, што е помалку во однос на вчерашната бројка од 145 починати лица.
Ова е прв пат бројот на починати да падне под 100, пренесува „Ројтерс“.
Што се однесува до бројот на новозаразени тој пораснал за 451, што е исто така помалку во однос на 675 колку што се регистрирани вчера.
Тоа е исто така најнизок број на новозаразени од 2ри март.
Вкупниот број на починати во Италија изнесува 32.007, што е трет најголем број во светот после САД и Брианија.
Бројот на заразени од коронавирус пораснал на 225.886, што е шести најголем број на светот после САД, Русија, Шпанија, Британија и Бразил.
Вкупно излекувани од коронавирус во таа земја се 127.326 лица.
На коронавирус тестирани се скоро два милиони луѓе.