8.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Во Основниот граѓански суд Скопје од утре продолжуваат сите закажани судења

Основниот граѓански суд Скопје информира дека од утре ќе се одржат сите закажани судења согласно Одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19.

-Одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, донесена од страна на Судски Совет на Република Македонија е објавена на веб страната на судот. Странките и другите учесници во постапката се должни да ги преземат сите мерки на претпазливост и заштита, согласно мерките и препораките на Владата на Република Македонија и надлежните здравствени органи, во спротивно на истите нема да им се дозволи влез во судската зграда, соопшти Основниот граѓански суд Скопје,