
Рестораните и кафулињата беа први кои што со Владина одлука беа затворени, но кога истите ќе профункционираат е прашање на време, во меѓу време угостителите секојдневно се подготвуваат за да пречекаат гости.
Помалите угостителски објекти се на ставот дека ќе бидат во двојно поголема загуба, доколку се одлучат да отворат а располагаат со по 20 маси кои согласно препораките ќе треба да функционираат со по 2 до 3 маси. Бараат јасни протоколи како би започнале со работа.
Со истиот проблем се соочуваат и останатите угостителски објекти во земјава. Дебар, кој беше најпогоден од коронавирусот, дел од сопствениците велат дека јасно е дека ќе работат со помал капацитет и го оправдуваат моментот поради пандемијата во светски рамки. Но, бараат јасни протоколи и датум бидејќи велат од трошоците за подготовки по погодени ќе бидат помалите објекти, особено оние кои имаат мали летни тераси.
Сопствениците на угостителските објекти се на ставот дека препораките ќе се почитуваат бидејќи состојбата во светски рамки е секаде иста, но бараат да се следат примерите од другите држави како би можеле да функционираат и тие кога ќе треба да отпочнат со работа, а за тоа бараат од Комисијата за заразни болести да се изјасни со децидни протоколи.