Заев порача дека доколку нема договор, изборите ќе се одржеле на 21-ви јуни

Доколку не биде постигнат консензус околу датумот за доржување на одложените предвремени парламентарни избори, останува да се почитуваат уставот и законите, рече во вторникот на прес-конференција челникот на СДСМ, Зоран Заев, додавајќи дека терминот за избори е 21-ви јуни.

 „Ако не успееме да се договориме, не е прашање на тоа што бараат политичките партии, што бара опозицијата, туку тогаш ќе постапиме според уставот и законите. Ние нема да дозволиме да се кршат Уставот и законите… Треба да се договориме, но ако не се договориме, да знаат сите дека на 21-ви јуни ќе има избори со 14 кандидадски листи, ќе се излезе на гласање и верувам дека максимален ќе биде бројот на излезени гласачи“, рече Заев.

Заев рече дека Државната изборна комисија донела одлука да го прифати ажурираниот Избирачки список со кој ќе може да се оди на предвремени парламентарни избори во јуни.

„ДИК да носи одлуки со консензус, четворица се од власта, петтиот од БЕСА, од седум члена. Ако треба да се надгласуваме – ќе ги победиме. Тоа не е добро. Еве ја одлуката, веќе ја донесоа. Јавно е достапна дека ги прифаќаат сите процеси и протоколи. МВР треба да достави комплетно ажуриран список до 21 јуни и ДИК мора да го потпише и објави“, рече Заев, покажувајќи го документот.

Рече дека на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски поддршка за избори на 26-ти јуни добил од ДУИ и Али Ахмети, опозиционата БЕСА и ДПА, додека Алијансата за Албанците била за гласањето да биде на 21 јули.

„Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ беа 23-ти август, 30-ти август, 6-ти септември и 13-ти септември. Имавме документи од здравствените организации, крајот на септември може да има нов бран, неодговорно е крајот на летото, тоа би било нова политичка и економска криза. Да останеме во законските рокови. Сакаме заедно со опозицијата да имаме договор, но ако немаме, остануваат законите и Уставот на државата“, уверува Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, реле дека опозицијата „не смее да ги бојкотира изборите“, затоа што веќе се согласила тие да се одржат.

„Има нотарски изјави, поднесоа листи на кандидати, се знаат бројките на избирачките места. Процесот е само принудно замрзнат,. кампањата не може да се бојкотира. Еве во Србија на 21 јуни ќе има избори, до 12 јули ќе има избори и во Хрватска Имаме можност за разговор за уште неколку дена, во спротивно стапуваат во сила законските рокови“, тврди Заев.

Лидерот на СДСМ вторпат во последните два дена се заканува дека ќе оди на избори на 21-ви јуни, независно од ставот на другите полиички фактори. Неаргументираниот став на Зоран Заев, среде епидемија од короанвирусот да се оди на избори за спас на партијата, повторно демагошки и извртувачки го темели врз Уставот и законите кои изминатите три години ги кршеа на дневна база, според своите дневно-политички потреби.

„За разлика од другите земји кои излегуваат на гласање, немаме функционален парламент. Ако не успееме да се договориме, не е прашање на тоа што бараат политичките партии, што бара опозицијата, туку тогаш ќе постапиме според уставот и законите. Ние нема да дозволиме да се кршат Уставот и законите. Имаме можност да разговараме уште неколку дена, во спротивно ќе стапат во сила правните и уставните процедури“, рече Заев, најавувајќи уцена и ултиматум дека сами ќе одат на избори, без опозицијата.

Најновата прогнозерска измислица на Заев со која оправдува спроведвуање избори среде епидемија од коронавирус е дека наесен ќе се засилела короната, непоткрепена најава во време кога поголемиот дел експерти велат дека тогаш коронавирусот ќе го надмине пикот.