19 лица од Скопје добија казни од по 2.000 евра

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка пред надлежен суд против вкупно 19 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Имено, 18 од обвинетите биле затекнати при непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, додека еден обвинет не постапил по Решението со кое му била определена задолжителна самоизолација – велат од Обвинителство.

За сите обвинети Јавното обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​