
Во Европската унија во средата стапи на сила забраната за цигарите со ментол, во рамките на продолжените напори да се обесхрабрат младите луѓе да почнат да пушат.
Забраната за ароматизираните цигари и тутунски производи стапи на сила во 2016 година, но производите со пазарен удел поголем од 3 отсто, како што се цигарите со вкус на ментол, со изземање беа во продажба до денес.
Регулацијата е дел од директивата на ЕУ за тутунските производи кои се прифатени во 2014 година, по напорните прегововри, притисоците од тутунската индустрија и правните предизвици.
Директивата, исто така, наложува цигарите и тутунските производи на себе да содржат уште поексплицитни здравствени предупредувања, како и да прекриваат 65 отсто од предниот и заедниот дел од пакувањето. Државите членки, исто така, може да имаат и „оголени“ пакувања.
Со овие правила би требало да се намали стапката на пушење меѓу младите луѓе. Европската комисија наведува дека пушењето е најголемата причина за прерана смрт во ЕУ.
Во ЕУ, 26 отсто од целата популација и 29 отсто од младите луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години пушат, според податоците на Комисијата.