
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, тврди дека има сериозни докази дека некој го следи врвот на партијата и нивните семејства.
Засега тој не најавува пријава во Министерството за внатрешни работи, каде министерот на предлог од неговата партија нема да пријави. Николоски се сомнева дека некој може да ги уништи доказите. а ќе ги чува за пое изборите, за да ги достави до комисиите во Собранието кои вршат надзор врз ОТА и АНБ.
ВО МВР не се води никаква постапка по овие обвинувања, потврди министерот Наќе Чулев. Во телефонски разговор за ТВ24 гарантира постапување по закон, но со резерва околу постапувањето во БЈБ, каде што директорува Сашо Тасевски.
„До МВР досега нема ништо стигнато, ниту пријава во однос на наводите на Николоски. Јас како министер за внатрешни можам да гарантирам дека ке се постапи согласно законот, а дали ке се уништат доказите или што и да се сомнева тој, тоа се работи во биро за јавна безбедност и таму има директор“, изјавил Чулев за телевизијата.
За сомнежите и обвинувања за следењата кои ги искажа Николоски, ТВ24 се обратила до одговорните институции, од каде гарантираат постапување согласно законите, без привилегии и исклучоци .
„Апсолутно можам да гарантирам постапка согласно законите. Се што стигнува како пријава до нас го пријавуваме кај обвинител и понатаму тече координацијата“ изјавил Тасевски.
Не само што се сомнева дека некој ги следи првите луѓе на опозицијата, Николоски е убеден и дека се прислушувни телефонски. Обвинува и за параструктури од институциите кои ги собираат податоците.
„Првиот човек на ОТА отфрла каква било злоупотреба на системите за следење на комуникациите. Се работи само по судска наредба, невозможно е да се вклучи број без наредба бидејќи веднаш се вклучува алармот кај надлежните комисии.
„Ако има судски наредби ота спроведува и дополнително се анонимизирани и ние не знаеме дали е бројот на александар или било кој друг. Ниту ме интересира ниту пак имам законско право на тоа. Вработените во ОТА не знаат кого следат“,
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски тврди дека има сериозни докази дека некој го следи врвот на партијата и нивните семејства. Иако во МВР е министерот на предлог од неговата партија нема да пријави. Се сомнева дека некој може да ги уништи доказите. Ќе ги чува за после изборите, за да ги достави до комисиите во Собранието кои вршат надзор врз ОТА и АНБ.
ВО МВР не се води никаква постапка по овие обвинувања, потврди министерот Наќе Чулев. Во телефонски разговор за ТВ24 гарантира постапување по закон, но со резерва околу постапувањето во БЈБ, каде што директорува Сашо Тасевски.
Наќе Чулев -министер за внатрешни- До МВР досега нема ништо стигнато, ниту пријава во однос на наводите на Николоски. Јас како министер за внатрешни можам да гарантирам дека ке се постапи согласно законот, а дали ке се уништат доказите или што и да се сомнева тој, тоа се работи во биро за јавна безбедност и таму има директор.
Во ланецот сомнежи и обвинувања кои Николоски ги искажа јавно, ТВ24 направи неколку телфонски разговори со засегнатите институции. Сите гарантираат постапување согласно законите, без привилегии и исклучоци .
Сашо Тасевски – директор на БЈБ- Апсолутно можам да гарантирам постапка согласно законите. Се што стигнува како пријава до нас го пријавуваме кај обвинител и понатаму тече координацијата , вели Тасевски.
Не само што се сомнева дека некој ги следи првите луѓе на опозицијата, Николоски е убеден и дека се прислушувни телефонски. Обвинува и за параструктури од институциите кои ги собираат податоците . Првиот човек на ОТА отфрла каква било злоупотреба на системите за следење на комуникациите. Се работи само по судска наредба, невозможно е да се вклучи број без наредба бидејќи веднаш се вклучува алармот кај надлежните комисии.
„Ако има судски наредби ота спроведува и дополнително се анонимизирани и ние не знаеме дали е бројот на Александар или било кој друг. Ниту ме интересира ниту пак имам законско право на тоа. Вработените во ОТА не знаат кого следат“, вели Зоран Ангелоски, директор на ОТА.
Обвинувања за следење и прислушување се слушаат во секоја изборна кампања. За време на претседателската трка тогашниот кандидат Стево Пендарсвски пријави и во полиција дека е следен и фотографиран од тајни служби. Но освен обвинувања , во минатото имаше бројни афери за прислушување. Најголемата со масовно прислушување од 2008 до 2015-та, која ја сработеа обвинители од СЈО, е во судска постапка две ипол години. Првообвинет епоранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.