САД се повлекуваат од договорот „Отворено небо“, повторно ја обвинуваат Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп објавил дека САД се повлекуваат од Договорот за отворено небо, пренесува агенцијата AFP, додека според агенцијата Reuters, американскиот челник изјавил дека тој има добри односи со Русија, но оти таа не се придржувала до договорот.

Весникот The New York Times, повикувајќи се на извори во американската администрација, во четвртокот објави дека американскиот претедател Доналд Трамп има намера во петок да ги извести властите во Русија за истапувањето од договорот. Според весникот повлекувањето на САД од Договорот за отворено небо, може да укажува на намерата на американските власти да се откажат од продолжувањето на Договорот за намалување на стратешкото вооруќување (START-3).

Притоа, како што тврди агенцијата Reuters, формалното истапување на САД од „Отворено небо“ ќе се случи шест месеци по објавувањето, како што е предвидено со условите од договорот. Официјално, Белата куќа засега не ги коментира медиумските информации.

Агенцијата Associated Press, пак, објави дека администрацијата на Трамп во четвртокот ги известила меѓународните партнери за повлекувањето од „Отворено небо“. Според нејзините сознанија, администрацијата во Вашингтон го напушта договорот, наводно, бидејќи Русија не се придржувала до него. Покрај тоа, снимкиите коишто ги добиваат САД во текот на летовите според договорот може да се добие побрзи и со многу пониска цена од американските или од комерцијалните сателити.

За намерите САД да го напуштат договорот „Отворено небо“ објави Адам Смит, демократ од сојузната држава Вашингтон, претседател на Комититот за вооружените сили на Претставничкиот дом.

„Знам дека администрацијата соопштила на одреден начин дека сака да излезе од Догворот за отворено небо“, изјави Смит коментирајќи го написот во британскиот весник The Guardian, во кој беше наведено дека американскиот државен секретар Мајк Помпео и челникот на Пентагон, Марк Еспер, веќе дале согласност за повлекување од договорот во текот на меѓуресорските консултации.

Уште едно во низата повлекувања на САД

За намерата на претседателот Трамп да ги изведе САД од Договорот за отворено небо, беше објавено уште ланскиот октомври од страна на преседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, демократот од државата Њујорк, Елиот Енгел. Американската влада тогаш не ја негираше веродостојноста на иформацијата којашто првично ја соопшти Енгел, а потоа ја споменуваа и низа високи американски пратеници и функционери.

Агенцијата Reuters постетува дека станува збор за уште еден во низата чекори на американскиот претседател Доналд Трамп да ги изведе САД од големите глобални договори и да склучи нови или само билатерални, а следува по минатогодишното повлекување од договорот со Русија за ограничувањето на бројот на ракетите со среден дострел вооружени со нуклеарни боеви глави.

Функционер кој инсистирал на анонимност изјавил за мала група новинари дека одлуката е донесена по шестмесечните анализи во текот на коишто „било потврдено дека Русија во повеќе наврати не го почитувала договорот“.

„Во текот на анализите стана сосема јасно дека повеќе не е во интересот на САД да се остане дел од договорот ‘Отворени небо’“, рекол функционерот објаснувајќи дека Русија покрај тоа што наводно го кршела договорот неговите одредби ги применувала така што тоа преставувало воена закана за САД и нивните сојузници.

Неименуваниот функционер истовремено рекол дека претставници на американската администрација изминатите денови започнале разговори со Русијата за нов круг од преговорите за нуклеарното оружје.

„Целта е да се соберат силни тимови коишто ќе започнат изработка на нови мерки за контрола на нуклеарното оружје. САД се приврзани на контролата на вооружувањето и безбедноста на Европа, а првиврзани сме и на иднината којашто ќе воспостави значителни ограничувања на нуклеарното оружје“, рекол соговорникот на Reuters и додал дека сега се очекува што на тоа ќе кажат Русите.

САД веќе години наназад ја обвинуваат Русија дека наводно селективно го спроведува договорот „Отворено небо“ и крши многу одредби од овој мултилатерален договор. Русија, исто така, го обвинува САД за непридржување до одредбите во договорот.

За договорот

Договорот „Отврено небо“ го предложил уште во 1955 година тогашниот американски претседател Двајт Ајзенхауер. Поптишан е во 1992 година, а неговата примена започна во 2002 година, од страна на 35 земји кои дозволуваат на невооружени трански летала надзор над нивната територија. Заедно со изготвување на Договорот за конвеционалните вооружени сили во Европа и Виенскиот документ од 1999 година, со стапувањето на сила на догворот „Отворено небо“, беше речиси заокружен процесот на градење доверба и транспарентност во сферата на конвенционалното оружје во евроатлантскиот регион.

Во практична смисла, овој договор им дава право на земјите потписнички да изведуваат набљудувачки летови над териториите на другите земји за следење на воените активности во согласност со договорените во него и договорените квоти на набљудувачките мисии. Договорот ги регулира летовите, го дефинира механизмот за следење на усогласеноста со договорот, содржи брања за типот на авионите, ограничувања во составот и техничките параметри на опремата за надзор.

Членки на договорот се САД, Русија, Белорусија, Белгија, БиХ, Бугарија, Велика Британија, Данска, Канада, Чешка, Естонија, Финска, Гранција, Грузија, Германија, Грција, Исланд, Италија, Казахстан, Латвија, Литванија, Лускембург, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Турција, Украина, Хрватска, Шведска и Шпанија.