
Синдикатот на одбраната и безбедноста испрати барање за исплата на награда за припадниците на МО и АРМ, до Претседателот на државата, до Владата и до министерот за одбрана на Република Македонија.
– Имено, во текот на вонредната состојба припадниците на МО и АРМ активно придонесуваат кон заштита на граѓаните на Р. Македонија и со својот труд и ангажман ја заслужуваат оваа награда, која што ќе значи оддавање на признание за нивниот зголемен ангажман, како и вреднување на нивниот придонес во остварувањето на целите на Република Македонија во борбата против вирусот, се вели во соопштението од Синдикатот на одбраната и безбедноста.