
Пукањето претходно во четвртокот во близина на воздухопловната база на американската морнарица во американскиот град Корпус-Кристи, во сојузната држава Тексас, е поврзано со тероризам, изјавила портпаролката на Федералното биро за истраги (FBI), Леа Гривс, чијашто прес-конференција ја пренесуваше локалната станица на телевизиската станица NBC News.
„Утврдивме дека она што се случи денеска во базата во Корпус-Кристи е поврзао со тероризам“, изјавила. Гивс не појаснила како истражителите дошле до овој заклучок. Како што додала, властите трагаат по лице кое би можело да е поврзано со човекот кој отворил оган.
Во пукањето на контролен пункт на влезот од базата во која се обучуваат пилотите на американската морнарица, ранет е еден војник. Тој бил хоспитализиран, но набрзо бил отпуштен од болница. Властите не го откриваат засега идентитетот на лицето кое отворило оган, а било убиено во престрелка со безбедносните сили.