
Србија од денеска ги отвори своите граници, но за сите патници, според одлуката на владата задолжителен е тестот за корона вирусот кој мора да биде негативен. Во функција повторно е ставен и меѓународниот аеродром во Белград, „Никола Тесла“.
Српската влада, ваквата одлука ја донесе по препорака на Кризниот епидемиолошки штаб, кој вчера оцени дека во земјата епидемиолошката состојба е стабилна.