
„Сонувам за тоа Прешево, Медвеѓа и Бујановац бескомпромисно да се вклучат во територијалниот интегритет на Република Косово“, истакна Тачи во емисијата Рубикон на ТВ Клан Косова.
Од друга страна, како што пренесува Н1, тврди дека не постојат ни разговори, ни договор за размена на територии.
„Кој и да зборува за размена, тоа е за внатрешна употреба, бидејќи за тоа никогаш никаде не се разговарало, а не пак во Вашингтон“, тврди Тачи.
Тој додаде дека ни под кои околности не е разгледувана содржина, односно можноста за каков било договор.
Кажа и дека таму каде што ќе седи на маса нема да има разговори за размена на територии.
За обвинувањата на Курти дека постигнал таен договор со Белград, Тачи кажа дека тоа се „чаршиски муабети“ и истакна дека сѐ што се случило во Вашингтон било „покажување волја да се продолжи дијалогот“.